geodyna® Wheel Balancers by Hofmann

Фелните и пневматиците се деловите од превозните средства коишто доживуваат најголем стрес. Треба да траат долго време, изложени на секакви патишта и услови, заради што балансирањето на тркалото мора да биде внимателно проверено на секоја промена на пневматиците.

 

Професионалните машини за балансирање на тркала на Hofmann ги задоволуваат сите потреби за сите превозни средства, од спортски автомобили до камиони. Со помош на овие машини може да се обезбедат посигурни услови за транспорт, еднакво трошење на пневматикот и елиминација на вибрации на воланот, со што се заштедуваат другите механички компоненти и се продолжува животниот век на возилото.

 

Сите балансери на Hofmann се едноставни за употреба, брзи и безбедни, но и ултра-издржливи. Овие машини имаат некои од најновите технолошки решенија, како 3Д ласерски камери, екрани на допир и дијагностички решенија, кои овозможуваат висока продуктивност и прецизно балансирање дури и со висок волумен на работа.


GENERAL REPAIR
HIGH VOLUME
PREMIUM SERVICE
Патентираниот автоматски Power Clamp™ систем овозможува прилепување на тркалото со константа сила со што се намалува можноста за грешка.
Намалување на процесот на работа за 30%  со задржување на истото ниво на прецизност.

Со допир на фелната со geodata™ се внесуваат димензиите на истата.
Ласер кој точно одредува тежина на тегот за балансирање и неговата локација на поставување.
Патентираната иновативна технологија која го оптимизира моментот аплициран врз тркалото и притоа автоматски ја одредува брзината на ротација
Иновативниот систем за монтирање и демонтирање без рачки овозможува лесно работење со сите типови на пневматици, вклучувајќи ги и RFT, UHP и нископрофилните.
Електромеханичко прицврстување на тркалото со константа сила на прилепување
Алатка која овозможува поврзување на целата опрема. Со asanetwork сите релевантни информации се достапни на сите уреди опремени со овој софтвер.
Автоматско и бесконтактно одредување на ширината на фелната со поголема прецизност и 30% побрзо од рачниот начин на работа.
Директно вбризгување на компримиран воздух за брза инфлација на пневматиците и вграден  24 литарски резервоар
Позиционирање на тегови за балансирање позади краците на фелната за поубав изглед и прикриеност од надворешната страна
Иновативен систем за мерење со висока прецизност и повторливост.

Речник