monty® by Hofmann

Професионалните монтери/демонтерки monty од Hofmann работат со многу видови пневматици: не само со автомобилски или товарни, туку и за камиони, агрикултурни возила и некои специјални машини за градежни работи. Нашите каталози вклучуваат рачни, полуавтоматски или суперавтоматски монтери/демонтери кои работат на пневматици за моторцикли или автомобили, со или без внатрешна гума и дијаметар помеѓу и 58“, како и алуминиумски фелни.

 

Нашите машини се дизајнирани земајќи ги во предвид потребите на сите наши корисници: од најголемите работилници и фабрики до најмалите работилници и гаражи, со апликација дури и во транспортните компании и компании со флотни возила. Материјалите и техниките на производство се секогаш на прво место во Hofmann и тоа е нешто што лесно се согледува од долготрајноста на нашите машини. Напредната технологија на автоматизација на некои од новите модели е само доказ за постојаната иновација и напредокот што Hofmann секојдневно го прави, се со цел побрзо и поефикасно ракување со нашите машини.

 


GENERAL REPAIR
HIGH VOLUME
PREMIUM SERVICE
Патентираниот автоматски Power Clamp™ систем овозможува прилепување на тркалото со константа сила со што се намалува можноста за грешка.
Намалување на процесот на работа за 30%  со задржување на истото ниво на прецизност.

Со допир на фелната со geodata™ се внесуваат димензиите на истата.
Ласер кој точно одредува тежина на тегот за балансирање и неговата локација на поставување.
Патентираната иновативна технологија која го оптимизира моментот аплициран врз тркалото и притоа автоматски ја одредува брзината на ротација
Иновативниот систем за монтирање и демонтирање без рачки овозможува лесно работење со сите типови на пневматици, вклучувајќи ги и RFT, UHP и нископрофилните.
Електромеханичко прицврстување на тркалото со константа сила на прилепување
Алатка која овозможува поврзување на целата опрема. Со asanetwork сите релевантни информации се достапни на сите уреди опремени со овој софтвер.
Автоматско и бесконтактно одредување на ширината на фелната со поголема прецизност и 30% побрзо од рачниот начин на работа.
Директно вбризгување на компримиран воздух за брза инфлација на пневматиците и вграден  24 литарски резервоар
Позиционирање на тегови за балансирање позади краците на фелната за поубав изглед и прикриеност од надворешната страна
Иновативен систем за мерење со висока прецизност и повторливост.

Речник