Калибрација на мерни инструменти

 

За лабораторијата

АУТОИНСТРУМЕНТ, Акредитираната Лаборторија за калибрација на димензионални и механички големини, време и оптички зрачења е дел од компанијата АУТОИНСТРУМЕНТ. Лабораторијата од 1997 година врши калибрации на мерна опрема. Повеќе од 10 години беше Овластена Метролошка Лабораторија на Бирото за Метрологија на Република Македонија за поправка, преглед, контрола и баждарење на мерна опрема.

 

Следејќи ги препораките на Европската комисија за областа Метрологија (Regulation (EC) No. 764/2008) и спроведената кај нас регулаторната реформа, со која се транспонираа Европските хармонизирани стандарди од оваа област, АУТОИНСТРУМЕНТ во 2008 година својата Овластена Метролошка Лабораторија ја акредитира кај националното тело за акредитација -  Институтот за Акредитација на Република Македонија, согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 и стана прва приватна Лабораторија за калибрација во Македонија.

 

 

 

Институтот за Акредитација на Република Македонија е полноправна членка во Европската организација за акредитација (European co-operation for Accreditation) од 21 ноември 2007 година, а од 1 декември 2008 година е членка на International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC).

 

Преку редовните надзорни посети кои се вршат секоја година од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија и меѓулабораториските спордби, Лабораторијата на АУТОИНСТРУМЕНТ редовно ја потврдува својата техничка компетентност, доверливост и непристрасност која е во согласност со европските стандарди и процедури за калибрација на мерила.

 

Калибрационата опрема која ја поседува лабораторијата е со висока класа на точност и редовно се калибрира во Националните метролошки институти и лаборатории во европските земји како што се: Германија, Австрија, Словенија, Унгарија...

 

Нашите сертификати го содржат знакот за акредитација на лабораторија за калибрација на Институтот за Акредитација на Република Македонија, со што нашите сертификати се важечки за сите земји членки на Европската организација за акредитација (ЕА).

 

Должина
• Мерни ленти 0 m ÷ 30 m
• Линеали 0 m ÷ 5 m
• Клунасти мерила (шублери) 0 mm ÷ 1000 mm
• Микрометри 0 mm ÷ 1000 mm
• Компаратори 0 mm ÷ 100 mm
• Мерачи на длабочинa на профил на пневматик 0 mm ÷ 100 mm
• Висински мерни летви 0 m ÷ 5 m
• Уреди за мерење на насоченоста на тркалата кај возилата 0 mm/m ÷ 30 mm/m (m/km) (m/km)
Сила
• Мерила за мерење на силата на кочење кај возилата 0N ÷ 40kN
• Уреди за контрола на системот за прилепување кај возилата 0N ÷ 20kN
• Преси 0N ÷ 40kN
• Динамометри за мерење на силата на притисок врз педалот од сопирачката на возилото 0 ÷ 1000 N
• Динамометри - мерни ќелии за сила при притисок и истегање 0N ÷ 40kN
Притисок и вакум
• Механички и Електро-механички вакуумметри -0.9bar ÷ 0bar
• Механички и Електро-механички манометри 0 ÷ 1000bar
• Mерила за апсолутен притисок 0 bar abs ÷ 1 bar abs
Оптички големини
• Уреди за мерење на затемнетоста на издувните гасови од возилата опремени со дизел мотори – Опациметри
• Уреди за мерење на затемнетост на стакла
• Уреди за мерење на интензитетот и насоченоста на светлата кај возилата
Фреквенција
• Опрема за калибрација на тахографи и таксиметри
• Мерачи на број на вртежи
• Бесконтактни мерила на број на вртежи
• Брзина на ротација
• Уреди со валци за мерење на брзината на возилата
Хемиска анализа, Референтни материјали, Гасни смеси
• Уреди за мерење на квалитетот на издувната емисија кај возилата опремени со бензински мотори – Гас анализатори
Маса
• Интегрирани системи за мерење на тежинa 0 ÷ 9000kg
Забрзување – Забавување
• Уреди за мерење на забрзување и забавување
Време
• Аналогни и дигитални стоперици - хронометри, тајмери и часовници
Температура
• Аналогни и дигитални термометри со директно отчитување
• Стаклени термометри со течност
Агол
• Мерачи на нагиб 0º ÷ 90º
• Агломери 0⁰ ÷ 360⁰
Бучава
• Акустични мерила, мерачи на звук – фонометри
Линк до сертификатот за акредитација на Лабораторијата за калибрација
A photo of the Deputy Head of LC
Заменик Раководител на Лабораторијата за Калибрација
Нашата лабораторија нуди можност за извршување на калибрација на мерни инструменти од областите на должина, агол, сила, маса, притисок и вакуум, температура, време, фреквенција, оптични големини. Лабораторијата располага со еталони со голема прецизност, коишто имаат следливост до врвни национални метролошки институти во Европа, како и со квалификувен и обучен работен персонал. Долгогодишната традиција на Аутоинструмент доволно кажува за квалитетот и ажурноста на извршувањето на зададените работни задачи.
Клик за анекс на сертификат за акредитација на Лабораторијата на АУТОИНСТРУМЕНТ
Сертификати на лабораторијата
Certified ATT service provider
Quality assurance and impariality
Certificate from the German Economic Chamber
IARM
Certified ISO 17025 standard laboratory
Logo